На второ место се Ролинг Стоунс со „Хокни Дајмондс“ / Photo: Facebook HMV

Продажбата на плочи во Велика Британија годинава достигна највисоко ниво од 1990 година, а касетите повторно се популарни меѓу љубителите на музиката, потврдувајќи го заживувањето на пазарот за физички аудио носачи.

Продажбата на винил е зголемена шеснаесетта година по ред, годинава за 11,7 отсто во споредба со лани, цитира Би-Би-Си податоци од Британската фонографска индустрија (БПИ).

Тејлор Свифт со албумот „1989“ (Taylor's Version) е на првото место на табелата по број на продадени плочи, а на второ место се Ролинг Стоунс со „Хокни Дајмондс“(Hackney Diamonds“.

Продажбата на касети ја надмина границата од 100.000 четврта година по ред.

Повеќе од четири петтини од снимената музика се слуша преку стриминг, додека винилот е „оживеан“ од љубителите на музиката кои сакаат да изградат своја музичка библиотека или едноставно, како што велат, бараат подобар квалитет на звукот.

На „винилот“ му помогна и популарноста на независните продавници за плочи и „враќањето во живот“ на специјализираниот ланец ХМВ (HMV-His Master's Voice), кој во ноември повторно ја отвори својата главна продавница на улицата Оксфорд во Лондон, по четиригодишна пауза.

Новите изданија доминираа на листата на најпродавани винилни албуми, а Ед Ширан, Луис Капалди и Лана Дел Реј исто така се пробија во топ 10.

Во групата класици и реизданија, Руморс(Rumors) на Флитвуд Мек (Fleetwood Mac) и „Темната страна на Месечината“ на Пинк Флојд (во живо на Вембли 1974) (The Dark Side of the Moon Pink Floyda -Live at Wembley 1974)заземаа високи места.

Повторно расте и продажбата на касети, додека падот на продажбата на ЦД е поблаг од претходните години, посочуваат од здружението.

„Големото враќање на физичките носачи на звук, предводени од винилот, ја нагласува отпорноста на музичкиот пазар во Обединетото Кралство во период на континуирано рекордни нивоа на стриминг“, рече шефот на БПИ, Џо Твист, размислувајќи за годината.

„Продажбата на ЛП расте веќе 16 години, но охрабрува стабилизирањето на побарувачката за ЦД-а и „заљубувањето“ на новите генерации музички фанови во касети“, истакна Твист.

TRT Balkan / агенции
Популарни