Кинески научници развиле маска против коронавирус која го предупредува носителот доколку бил изложен на Ковид-19 или грип по 10-минутен разговор со заразено лице.
Сензорите прикачени на маската можат да одговорат на дури 0,3 микролитри вирус во воздухот, многу помали од оние што се создаваат при кашлање или кивање.
Наодите од истражувачите од шангајскиот универзитет Тонги беа објавени во научното списание „Matter“.
Иако пандемијата слабее сепак, употребата на маски останува широко распространета во земјите, вклучително и Кина, која ја задржува строгата политика на „Нула ковид“ , додека многу луѓе ширум светот продолжуваат да ги носат за да се заштитат себеси и другите од вирусот, без оглед на владините правила.
Тимот ја тестираше новата маска во затворена комора со прскање течност и аеросоли кои содржат нивоа на вируси во трагови.
Тие рекоа дека маската ќе функционира добро во затворени простории со слаба вентилација, како што се лифтови или канцеларии.
Истражувачите исто така работеле на уреди за носење за различни здравствени состојби, вклучувајќи рак и кардиоваскуларни болести.
Хемичарот за аеросол од Универзитетот Окленд, Џоел Ринделауб, рече дека ако маската функционира, тоа би можело да биде огромен напредок во откривањето на вирусот.
„Аеросолите се исклучително тешки за откривање поради нивната големина, така што алатката што може брзо да ги собере и да дејствува како маска за лице ќе биде многу корисна“, рече тој.
„Брзиот одговор е важна работа затоа што знаеме дека не е потребно долго време за да се пренесе вирусот, тоа може да биде и само преку брз минлив контакт“.
Колку побрзо знаеш дека има вирус наоколу, толку подобро, рече тој.
Микробиологот д-р Сиукси Вајлс го потврдува ова.
„Технологијата зад маската може да се користи за тестирање на оние на кои не можат да им земаат брисеви од носот“, рече таа.
„Навистина ни требаат вакви био-сензори. Луѓето треба да знаат кога има присутен вирус за да ги преземат чекорите што им се потребни за да се заштитат себеси“, вели Вајлс.
Вајлс истакна дека како што се појавуваат нови болести така овие пронајдоци би помогнале за брзо детектирање на истите.