Ковид-19 носи повисок ризик од психички потекшкотии и две години по заразувањето     Фото: АА (Архива)

Оние кои го прележале коронавирусот (Ковид-19) соочени се со повисок ризик од развој на невролошки и психијатрски потешкотии како психозата, деменцијата и мозочната магла дури и две години по заразувањето, покажува ново истражување.

Професорот Пол Харисон, водач на истражувањето од универзитетот Оксфорд рече дека „со претходните заклучоци како Ковид-19 може да го зголеми ризикот од невролошки и психијатриски сосотјби во првите шест месеци“, оваа студија „сугерира дека кај некои тие ризици можат да траат до две години“.

„Резултатите имаат важни импликации за пацинетите и здравствените служби бидејќи сугерираат дека нови случаи на невролошки состојби поврзани со Ковид-19 веројатно ќе се појавуваат уште долго откако пандемијата ќе се смири“, нагласи Харисон.

Студијата е спроведена на 1,25 милиони луѓе заразени со Ковид-19, а покажа и дека кај децата расте ризикот од развивање на психичките пореметувања и напади.

Истражувањето покажа дека делта варијантата на вирусот е поврзана со повеќе пореметувања од алфа, а омикрон донесува слични невролошки и психијатарски ризици како делта.

Кај возрасните Ковид-19 донесува ризик и од анксиознoст и депресија, но тој се намалува во рамките од два месеци од заразата, а по две години ризикот се намалува на ниво како кај другите респираторни инфекции.

HINA
Популарни