Конечната анализа опфати 63 студии од 1994 до 2022 година, во кои учествуваа 11 истражувачи од 10 земји

Нема врска помеѓу употребата на мобилни телефони и зголемениот ризик од рак на мозокот, покажува новиот преглед на објавени докази од целиот свет објавен од Светската здравствена организација (СЗО).

И покрај огромниот пораст на употребата на безжични технологии, немаше зголемен ризик од рак на мозокот, што важи и за луѓето кои остваруваат долги телефонски разговори, или користат мобилни телефони повеќе од една деценија, пренесува Ројтерс.

Конечната анализа опфати 63 студии од 1994 до 2022 година, во кои учествуваа 11 истражувачи од 10 земји.

Во истражувањето се проценуваа ефектите на радио зрачењето што го емитуваат мобилните телефони, како и телевизорите, мониторите за бебиња и радарите, рече професорот по епидемиологија на рак на Универзитетот во Оукленд во Нов Зеланд и коавтор на студијата.

„Ниту едно од главните испитувани прашања не покажа зголемени ризици“, рече тој.

Студиите го разгледаа ракот на мозокот кај возрасните и децата, како и поврзаноста на зрачењето со употребата на мобилни телефони, базни станици или предаватели.

Посебно ќе бидат објавени ефектите од користењето мобилни телефони врз другите видови на рак.

СЗО и другите меѓународни здравствени тела претходно соопштија дека нема дефинитивен доказ за штетните здравствени ефекти од зрачењето што го емитуваат мобилните телефони, но побараа повеќе истражувања.

Во моментов, Меѓународната агенција за истражување на ракот (ИАРЦ) го класифицира зрачењето на телефонот како „можно канцерогено“ или класа 2Б, што е категорија што се користи кога не може да се исклучи потенцијалната врска.

TRT Balkan / агенции
Популарни