Брендирањето на нацијата е многу важен концепт во денешниот свет. Според Американската асоцијација за маркетинг, брендот е име, слоган, дизајн, симбол или друг знак со кој се препознаваат добра или услуги едни од од други.
Брендирањето не е наменето само за компаниите туку и за државите. Затоа, брендирањето на нацијата е опишано како зголемување на позитивната препознатливост на земјата во светот.
Така се откриваат националните карактеристики кои се однесуваат на нацијата и државата со кои се зголемува нивниот престиж и компетитивност со останатите.
Највредните брендови во Туркије
Главната и преовладувачка цел на брендот е да создаде заработка. Туркије веќе поседува светски познати брендови.
Според „Бренд Фајнанс“, водечка независна консултантска компанија за вреднување на брендови во светот, Туркиш ерлајнс со вредност на брендот од 1,6 милијарди долари е прогласен за највреден бренд во земјата за 2022 година, петти пат по ред.
Производителот на апарати за домаќинство Арчелик со вредност на брендот од 1,45 милијарди долари, производителот на автомобили Форд Отосан со 819 милиони долари, производителот на апарати за домаќинство Вестек со 720 милиони долари, мобилниот оператор Турксел со 705 милиони долари и модниот бренд Ваикики со 668 милиони долари се на врвот на листата.
Брендовите на Туркије во блиска иднина е планирано да се зголемат, засилат и диверзифицираат со соодветна комуникациска стратегија.
Како Туркије рапидно и стратешки ги зајакна брендовите?
Туркије има огромен потенцијал за брендинг и голема способност да го постигне ова со сопствени сили. Тоа е затоа што Туркије претставува спој на различни култури, место за промоција на идеи и амбиции и дестинација за живот и работа.
Процесот на брендирање на Туркије е предводен и управуван од Дирекцијата за комуникации на Претседателството во соработка со турските институции и организации поради фактот што брендирањето на нацијата е важна комуникациска стратегија.
1. Промена на името на државата во „Туркије“
Најпрво, одлуката да се промени името на „Турки“ во „Туркије“ е важен чекор кој ја открива стратегијата за активности за брендирање.
Нур Озкан Ербеј, координатор на Канцеларијата за брендирање на Туркије, вели дека „чекорот за промена на името во Туркије се гледа како на почеток на ново патување за брендот на државата“.
Фразата „Туркије“ на најдобар можен начин ја симболизира и ја пренесува културата, цивилизацијата и вредностите на турската нација.
Во рамките на зајакнувањето на името на „Türkiye“, се очекува да се покаже неопходна чувствителност за употребата на фразата „Türkiye“ наместо фрази како „Turkey“, „Turkei“, „Turquie“ итн. во сите видови на активности и кореспонденција, особено во официјалните односи со други држави и меѓународни институции и организации.
2. Ознака „Made in Türkiye“
Извозните производи кои се произведуваат во Туркије и гордоста на земјата во меѓународната трговија, почнаа да се етикетираат како „Произведено во Туркије“ наместо „Произведено во Турција“.
Извозот е еден од најважните столбови на брендирањето на нацијата. Иницијативата „Made in Türkiye“ ја зголемува свеста за брендот Türkiye во светот.
3. Основање на Канцеларија за брендот Туркије
Канцеларијата за брендот Türkiye е основана под Дирекцијата за комуникации на Претседателството во мај 2022 година и е предводена од искусната новинарка Нур Озкан Ербај.
„Туркије, која е глобална сила за стабилност во регионот, се брендира речиси на секое поле, особено на оската на водечката личност на брендот - претседателот Реџеп Таип Ердоган“, вели Ербај.
Канцеларијата има за цел дополнително да ја зајакне вредноста на „брендот Türkiye“ во глобалната конкуренција преку споделување на сите успешни приказни од Туркије во образованието, технологијата, здравството, комуникацијата, индустријата, одбраната, спортот, културата, дипломатијата, хуманитарната помош, туризмот, енергетиката, иновациите, трговијата, економијата, инфраструктура и транспортот.
4. Организирање на „Форум за брендирање на нацијата“
Првиот „Форум за брендирање на нацијата“ во Туркије беше организиран од Дирекцијата за комуникации на претседателството со темата „Запознајте се со вистинските бои на Туркије“ во декември 2022 година во Истанбул.
Форумот ги собра светски познатите експерти за брендирање на нации, академици и претставници од секторот.
Климатските и еколошките политики на Туркије, историјата, културата, уметноста и цивилизациските вредности, туристичките места, природата, кинематографијата и гастрономијата се неразделни компоненти на националниот бренд на Туркије. Овие елементи на брендирање беа дискутирани на форумот.
Брендот Туркије не е оддалечување од Балканот
Како што е познато, балканските земји имаат многу блиски односи со Туркије не само од политичка, економска и географска перспектива, туку и поради нејзините историски, културни и човечки врски.
„Активностите за брендот Türkiye се обликувани околу тековните вредности и капацитети, цели и приоритети на Туркије. Затоа, продолжуваме да ги развиваме односите на пријателство, братство и сојузништво на полето на медиумите и комуникацијата со земјите каде што е во тек политичкиот дијалог на високо ниво. Балканските земји се една од нив“, вели Ербај.
Односите меѓу Балканот и Туркије се интензивираа во последните години како резултат на продлабочувањето на врските. Туркије е еден од најголемите инвеститори на Балканот. Турските институции за мека моќ, како што се ТИКА, ИТБ, Институтот Јунус Емре и Фондацијата Маариф продолжуваат да обезбедуваат услуги на секое поле.
„Дирекцијата за комуникации на Претседателството беше домаќин на панел-дискусија на тема „Брендирање на нацијата Туркије-Катар“ во Доха како дел од организацијата на Светското првенство ФИФА 2022 година. Ваквата заедничка работа со балканските земји, кои се пријатели и сојузници на Туркије, се смета за важна“, додава Ербај.
Од навиките за јадење и пиење до меѓусебните односи, турските и балканските луѓе се слични и се инспирирани едни од други во многу аспекти.
„Заедничките вредности и навики на Туркије и балканската географија дополнително ги збогатуваат можностите за соработка. Односите меѓу Балканот и Туркије, кои споделуваат заедничка култура и цивилизација и заедничка меморија, имаат потенцијал да послужат како модел во брендирањето на нацијата“, вели Ербај.
Активностите за брендирање на нација стануваат сè пораспространети. Секоја земја различно се занимава со ова прашање. На пример активностите за брендирање на нацијата во Перу, Естонија, Австралија, Сингапур, Костарика, Чиле, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Јужна Африка ги спроведуваат канцелариите за бренд на нацијата.
Бидејќи напредокот и развојот меѓу Туркије и Балканот се од голем интерес за двете страни, Канцеларијата за брендот Туркије може да ги инспирира балканските земји кои поседуваат големи ресурси во здравствениот туризам, областа на природните ресурси и кулинарството.