Динамо Загреб за своето учество во најквалитетното европско натпреварување заработи 39.710.000 евра / Photo: Reuters

Динамо, Црвена Звезда и Лудогорец инкасираа над 80 милиони евра за настапот во лигашкиот дел од Лигата на шампиони и Лига Европа, додека Борац, Олимпија, Целјеи Бачка Топола со пласманот во доигрувањето на Лигата на конференции сѐ уште се во игра за дополнителна заработка

Според неофицијалните податоци од платформата за фудбалска статистика Football Meets Data, само Динамо и Црвена Звезда заработија 72 милиони евра од учеството во најсилното европско натпреварување Лигата на Шампиони.

За жал, и двата тима не се пласираа во плеј офот, во спротивно нивната добивка би била потенцијално повисока за најмалку по 11 милиони евра, доколку би обезбедиле пласман меѓу 16. најдобри.

Најмногу може да жалат загрепчани, кои поради катастрофалниот пораз од Барен (9:2) во првото коло на ЛШ имаа полоша гол разлика од Клуб Бриж, кој заврши на 24. место на табелата и се пласираше во плеј-офот.

Со пласманот во доигрувањето секоја од екипите од 9. до 24. позиција добиваат дополнително еден милион евра, а победниците во меѓусебните дуели дополнителни 11 милиони за пласман во осминафиналето. За пласман во четвртфиналето се добиваат уште 15, а за полуфинале дополнителни 18 милиони евра.

Пласманот во финале изнесува 18,5 милиони, а шампионот добива плус 6,5 милиони евра за титулата и дополнителни 4 милиони за автоматското учество во Супер купот на УЕФА.

За европскиот шампион 155 милиони евра

Ако претпоставиме дека Ливерпул, најдобриот тим во лигашкиот дел кој освои и најмногу пари (99 милиони) за учеството во првата фаза од натпреварувањето, ја освои шампионската титула, клубот од Енфилд би заработил 155,5 милиони евра од настапот во ЛШ.

Динамо Загреб за своето учество во најквалитетното европско натпреварување, пак, заработи 39,710.000 евра.

Во последното коло „сините“ го совладаа Милан со 2:1 на Максимир, но и покрај освоените 11 поени тоа не беше доволно да го продолжат настапот во Европа.

Динамо со победите против против Милан, Слован и Салцбург додаде 6.300.000 евра на загарантираните 28.490.000 евра за настапот во ЛШ, сума во која се вклучени 18.620.000 основен бонус за учеството, како и 9.870.000 евра врз основа на пет и десет години настап во натпреварувањата на УЕФА и маркетиншката позиција на Хрватска во однос на ТВ правата.

„Модрите“ заработија и 1.400.000 евра за двете ремија против Селтик и Монако, како и дополнителни 3.230.000 милиони евра бонус за освоена позиција, со кои УЕФА го наградува секој скок на табелата, независно од добивката за победа или реми. Така победата во последното коло против Милан имаше барем финансиско значење.

Црвена звезда, пак, во старт заработи загарантирани 25,47 милиони евра брз основа на претходно наведените основи- 18.620.000 евра бонус за учество во ЛШ и 6.850.000 евра од коефициентите за успешност и ТВ права.

Со две победи против Штутгарт и Јанг Бојс во осум одиграни натпревари, Црвена звезда освои нови 4.200.000. Со пласманот на 29. место, односно скок од три места на табелата по победата во последното коло во Берн тимот од Белград заработи и бонус од 2.350.000 евра.

Далеку помалку, но сепак прилично добра заработка остварија клубовите кои се натпреваруваа во Лигата на Европа и Лигата на Конференции.

Задоволителни резултати за солидна заработка

Бугарскиот претставник во ЛЕ, второ натпреварување по квалитет во УЕФА, заработи 8.192.000 евра по пласманот на 33 позиција со освоени 4 поени по четири нерешени и исто толку порази.

Најмногу претставници од регионот има во Лига на Конференции, кои остварија пласман во нокаут фазата и сѐ уште се во игра за поголема добивка.

Во четвртокот се одиграа првите натревари од плеј-офот во кој настапија Целје одигра без победни против АПОЕЛ (2:2), Борац Бања Лука ја победи Олимпија (1:0), а ТСЦ во Бачка Топола загуби од Јеголија со 1:3 и практично е без шанси за пласман меѓу најдобрите 16 во ЛЕ.

Сепак, клубот од Србија може да биде задоволен од настапот, но и заработката од 5.980.000 евра по две победи и едно реми во лигашкиот дел.

Двата словенечки клуба сѐ уште се во игра за дополнителна заработка, откако по првиот дел од натпрерувањето Олимпија инкасира 7.500.000 евра, а Целје 6 милиони евра.

Успешниот настап во ЛК дополнително може да го награди и босанскиот претставник, кој оствари две победи и две ремија во осумте натпревари, што со бонусот му донесе заработка од 6.400.000 евра.

Победата во плеј-офот во ЛК носи дополнителни 800.000 евра, пласманот во четвртфиналето уште 1.300.000 евра, полуфиналето 2.500.000, а учеството во финалето 4 милиони евра. Победникот во ЛК ќе добие плус 3 милиони евра.

TRT Balkan
Популарни