Фудбалерот на Јувентус и српски репрезентативец Душан Влаховиќ ја одбил понудата на тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо да ја продолжи играчката кариера во клубот од Истанбул.
Тутоспорт наведува дека Мурињо побарал од челниците на клубот да го ангажираат Влаховиќ на крајот од сезоната, бидејќи португалскиот стручњак сака да го засили нападот на тимот од Истанбул.
„Фенербахче мора да одговори на тандемот на Галатасарај на Мауро Икарди - Виктор Осимен, како и на фактот дека договорот на Един Џеко истекува во јуни оваа година. Фенербахче може да му ја гарантира на Влаховиќ истата плата што ја има во Јувентус, поточно 12 милиони евра по сезона, но српскиот напаѓач изјавил дека има други амбиции во кариерата. Тој рече дека парите се важни, но не се единственото нешто што е важно“, пренесува Тутоспорт.
Италијанските медиуми пишуваат дека Влаховиќ на почетокот на годината одбил неколку понуди од Саудиска Арабија, бидејќи се надева дека на крајот од сезоната ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата.
Влаховиќ (25) во Јувентус пристигна во јануари 2022 година, а претходно играше за Фиорентина и Партизан.
Српскиот фудбалер оваа сезона одигра 31 натпревар за торинскиот клуб и постигна 14 голови.
Влаховиќ има договор со Јувентус до 30 јуни 2026 година.