Фенербахче во Истанбул славеше 3:1 против Нордсјиланд / Photo: AA

Шампионот на Босна и Херцеговина, Зрињски од Мостар приреди невидена сензација на вчерашните мечевите од Конференциската лига на УЕФА, откако по ретко виден пресврт успеа да го победи холански Аз Алкмар.

Зрињски, кој е прв клуб од БиХ што учествува во групна фаза во Конференциската лига, на полувреме губеше убедливо со 0:3, но на крајот домашните победија со 4:3 и ги шокираа Холанѓаните.

Токму во Конференциската лига има најмногу тимови од регионот кои не успеаја да се пласираат во посилните натпреварувања, а Туркије има две екипи- Бешикташ и Фенербахче.

Динамо Загреб, кој е еден од фаворитите во натпреварувањето славеше со 5:1 против Астана, додека претставникот на Србија,Чукарички од Белград поведе со 1:0 против Ференцварош во Будимпешта, но загуби со 3:1.

Претставникот на Косово, Балкани загуби минимално во Плзен, против чешкиот претставник Викторија.

Бешикташ, пак, остана непоразен во Белгија, откако ремизираше 1:1 против Бриж.

Ханс Ванакен им донесе водство на домаќините во 77. минута, но турскиот напаѓач Ченк Тосун во 88. минута им обезбеди бод на „црните орли“.

Фенербахче беше убедлив на својот терен и славеше 3:1 против Нордсјиланд.

Португалскиот играч за врска Мигел Креспо им донесе водство на домаќините во 24. минута , а белгискиот напаѓач на „жолтите канаринци“, Миши Батшуаји го зголеми водството на 2:0 шест минути подоцна. Турскиот дефанзивец Сердар Азиз постигна уште еден гол за Фенербахче во 47. минута , а Оливер Виладсен го постигна единствениот гол за Данците во 55. минута.

Резултати од натпреварите од првото коло од Конференциска лига

Група А

Лил- Олимпија 2:0

Слован Братислава-Класвик 2:1

Група Б

Макаби Тел Авив- Бреидаблик 3:2

Зорја- Гент 1:1

Група Ц

Динамо- Астана 5:1

Викторија Плзен- Балкани 1:0

Група Д

Клуб Бриж- Бешикташ 1:1

Лугано- Бодо Глимт 0:0

Група Е

Легија- Астон Вила 3:2

Зрињски- АЗ Алкмар 4:3

Група Ф

Ференцварош- Чукарички 3:1

Генк- Фиорентина 2:2

Група Г

Ајнтрахт- Абердин 2:1

ХЈК- ПАОК 2:3

Група Х

Фенербахче- Нордселанд 3:1

Лудогорец- Спартак Трнава 4:0

TRT Balkan
Популарни