„Росонерите“ ќе играат одлучувачки меч со Борусија во следното коло / Photo: AA

Триумфот на Милан во дербито против ПСЖ ги одбележа синоќешните натпревари од четвртото коло на Лигата на шампионите, по кое ги имаме првите две екипи кои обезбедија пласман во осминафиналето, но и три кои сигурно во февруари нема да ги гледаме во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Манчестер сити и Лајпциг по победите над Јанг бојс и Црвена ѕвезда, веќе и теоретски обезбедија пласман во осминафиналето, со оглед на тоа дека “граѓаните“ имаат максимални 12 бода, а Лајпциг три помалку и теоретски не можат да бидат стигнати од своите конкуренти.

Две од трите екипи кои испаднаа се токму во нивната група. Јанг бојс и Црвена ѕвезда имаат само по еден бод и во последните две кола ќе водат битка за третата позиција која носи утешна награда и европска пролет, но во Лигата на Европа.

Третата екипа која е веќе испадната е белгиски Антврпен, кој со нула бодови е закован на дното на табелата во групата Х, но и со минимални шанси за пласман и во Лигата на Европа, со оглед на тоа дека третопласираниот Шахтар има шест бодови на две кола до крајот.

ПСЖ не успеа да ја повтори партијата од „Паркот на принцовите“ и не беше ниту одблиску на исто ниво на синоќешниот натпревар на „Сан Сиро“, кој Милан го искористи за „слатка одмазда“ и важни три бода.

„Групата на смртта“ влегува во црвена фаза и сега сите четири тима имаат големи шанси за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, со тоа што Милан со пресврт победата сега има 5 бода, 1 помалку од ПСЖ и два од Борусија Дортмунд.

„Росонерите“ ќе играат одлучувачки меч со Борусија во следното коло, додека ПСЖ ќе го пречека Њукасл и ќе брка поволен резултат за да избегне големи непријатности во последното коло.

ГРУПА Е:

Атлетико Мадрид - Селтик 6:0 (Гризман 6., 60., Мората 45.+2.76., Лино 66., Нигез 85.)

Лацио - Феенорд 1:0 (Имобиле 45.+1)

Табела: Атлетико М. 8 б, Лацио 7б, Фенорд 7б, Селтик 1б.

ГРУПА Ф:

Милан - ПСЖ 2:1 (Леао 12. Жиру 50./Шкрињар 9.)

Борусија Дортмунд - Њукасл 2:0 (Фулкруг 26., Брант 79.)

Табела: Борусија Д. 7б, ПСЖ 6б, Милан 5б, Њукасл 4б.

ГРУПА Г:

Манчестер Сити - Јанг Бојс 3:0 (Халанд 23. (11м.), 52. Фоден 45.+1)

Црвена звезда - Лајпциг 0:2 (Симонс 8., Опенда 77.)

Табела: Ман. Сити 12б, Ред Бул Лајпциг 9б, Црвена Звезда 1б, Јанг Бојс 1б.

ГРУПА Х:

Шахтјор - Барселона 1:0 (Сикан 40.)

Порто - Антверпен 2:0 (Еванилсон 31. (11м), Пепе 90.+1)

Табела: Барселона 9 б, Порто 9б, Шахтјор 6б, Антверпен 0б.

TRT Balkan / агенции
Популарни