Галатасарај загуби во Копенхаген, но ќе го продолжи натпреварувањето во Лига Европа / Photo: AA

Фудбалерите на Баерн Минхен со резултат 0:1 синоќа во дербито на Лигата на шампиони на Олд Трафорд го совладаа Манчестер Јунајтед и го елиминираа домаќинот од натпреварувањата во европските лиги.

Победничкиот погодок за германскиот шампион го постигна Кингсли Куман во 70. минута од натпреварот. Со оваа победа Баерн само ја потврди првата позиција во групата А.

Во вториот дуел од оваа група, Копенхаген на домашен терен славеше над Галатасарај со 1:0 и се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампиони. Стрелец на одлучувачкиот погодок беше Лукас Лерагер во 58. минута од натпреварот. Галатасарај ќе го продолжи натпреварувањето во Лига Европа.

Треба да се спомене дека одличен натпревар се одигра во Берлин, во групата Ц, каде што се сретнаа Берлин Унион и Реал Мадрид. Натпреварот обилуваше со возбудувања и пресврти, а на крајот гостите славеа со 2:3.

Резултати од синоќа одиграните натпревари од последното шесто коло во УЕФА Лигата на шампиони:

Група А

Манчестер Јунајтед - Баерн Минхен 0:1

Копенхаген - Галатасарај 1:0

Група Б

Ленс - Севиља 2:1

ПСВ - Арсенал 1:1

Група Ц

Унион Берлин - Реал Мадрид 2:3

Наполи - Брага 2:0

Група Д

Интер - Реал Сосиедад 0:0

Салцбург - Бенфика 1:3

Пласман во нокаут-фазата на Лигата на шампионите од групите А, Б, Ц и Д обезбедија:

Баерн Минхен, Арсенал, ПСВ Анјховен, Реал Мадрид, Интер, Реал Сосиедад, Копенхаген и Наполи.

Во Лига Европа освен Галатасарај ќе играат и Ленс, Брага и Бенфика, а настапите во Европа одвен Јунајтед ги завршија Севиља, Унион Берлин и Салцбург.

Денеска на програмата се натпреварите од шестото последно коло во УЕФА Лигата на шампиони во групите Е, Ф, Г и Х. На програмата се следните дуели:

Група Е

Атлетико Мадрид - Лацио

Селтик - Фејенорд

Табела бодови

1. Атлетико Мадрид 11

2. Лацио 10

3. Фејенорд 6

4. Селтик 1

Група Ф

Борусија Дортмунд - ПСЖ

Њукасл - Милан

Табела бодови

1. Борусија Дортмунд 10

2. ПСЖ 7

3. Њукасл 5

4. Милан 5

Група Г

Лајпциг - Јанг Бојс

Црвена Звезда - Манчестер Сити

Табела бодови

1. Манчестер Сити 15

2. Лајпциг 9

3. Јанг Бојс 4

4. Црвена Звезда 1

Група Х

Антверпен - Барселона

Порто - Шахтјор

Табела бодови

1. Барселона 12

2. Порто 9

3. Шахтјор 9

4. Антверпен 0

TRT Balkan / агенции
Популарни