Откако беа извлечени двојките од осминафиналето во Лигата на шампионите, во седиштето на УЕФА во Нион се оддржаа ждрепката за нокаут фазата од Лига на Европа, како и за бараж-фазата од Конференциската лига.
Првите натпревари од баражите се играат на 15 февруари, а реванш мечевите на 22 февруари.
Во оваа фаза од Лига на Европа ќе играат 16 екипи, третопласираните од Лигата на шампионите и второпласираните од групната фаза на Лигата на Европа.
Победниците од бараж-фазата ќе им се придружат на победниците од групите од Лигата на Европа во осминафиналето.
Најинтересната двојка е онаа помеѓу Феенорд и Рома, кои ќе играат во репризата од првото финале на Конференциската лига.
Двојки:
Феенорд – Рома
Милан – Рен
Ленс – Фрајбург
Јанг бојс – Спортинг Лисабон
Бенфика – Тулуз
Брага – Карабаг
Галатасарај – Спарта Прага
Шахтар Доњецк – Марсеј
Во осминафиналето директно се пласирани: Вест хем, Глазгов Ренџерс, Брајтон, Аталанта, Ливерпул, Баер Леверкузен, Виљареал и Славија Прага.
Во Конференциската лига беа извлечени следните парови:
Штурм Грац – Слован Братислава
Сервет – Лудогорец
Унион – Ајнтрахт Франкфурт
Бетис – Динамо Загреб
Олимпијакос – Ференцварош
Ајакс – Бодо
Молде – Легија Варшава
Макаби Хаифа – Гент
Во осминафиналето директно се пласирани првопласираните во групната фаза: Лил, Макаби Тел Авив, Плзен, Бриж, Астон вила, Фиорентина, ПАОК и Фенербахче.