За Њукасл, ова беше прва победа во ЛШ по пауза од 20 години / Photo: Reuters

Дербито на вечерта во Лигата на Шампиони убедливо му припадна на Њукасл кој на домашен терен го победи ПСЖ со 4-1.

Премиерлигашот ги искористи своите шанси, а можеше и многу поубедливо да го совлада големиот противник кој очигледно се соочува со голема криза.

Резултатот го отвори Алмирон во 17. минута, а до крајот на полувремето Бурн зголеми на 2-0. Веќе на стартот на вториот дел, Лонгстаф по трет пат ја затресе мрежата на ПСЖ кој само привремено блесна преку Ернандес.

Точка, во четвртата минута од судиското продолжение стави Фабијан Шер. Интересно е тоа што ПСЖ имаше дури 69% посед на топката, но тоа не му беше од голема корист.

За Њукасл, ова беше прва победа во Лигата на шампионите по пауза од 20 години.

Возбудливо беше и во Белград каде Црвена Звезда и Јанг Бојс освоија по еден бод (2-2), но прашање е кој би можел да биде позадоволен од него.

Звезда не ја искористи огромната поддршка од трибините, а Јанг Бојс до 88. минута имаше водство од 2-1. Бод за српскиот првак спаси Букари кој беше стрелец за првиот гол, дело на Ндиаје во 35. минута.

Угриниќ и Итен од пенал погодија за Јанг Бојс кој си оди дома со голем бод.

Од останатите натпревари, голема победа оствари Барселона на гостувањето кај Порто, благодарение на голот на Феран Торес, додека европскиот првак Манчестер Сити го победи Лајпциг на негов терен со 3-1.

Група Е

Атлетико Мадрид - Феенорд 3-2

Селтик - Лацио 1-2

Група Ф

Борусија Дортмунд - Милан 0-0

Њукасл Јунајтед - Пари Сен Жермен 4-1

Група Г

Лајпциг - Манчестер Сити 1-3

Црвена звезда - Јанг Бојс 2-2

Група X

Кралски Антверпен - Шахтјор Доњецк 2-3

Порто - Барселона 0-1

TRT Balkan
Популарни