Парижаните последен пат играа во полуфинале во 2021 година, додека тоа ќе биде прво полуфинале за Борусија од 2013 година / Photo: Reuters

Фудбалерите на Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите откако во фантастичните реванш натпревари од четвртфиналето ги победија Барселона со 1:4 и Атлетико Мадрид со 4:2.

Парижаните последен пат играа во полуфинале во 2021 година, додека тоа ќе биде прво полуфинале за Борусија од 2013 година.

Вечерва во Манчестер ќе се сретнат Сити и Реал Мадрид откако првиот меч заврши 3:3, а во последниот четвртфинален дуел во Минхен ќе се сретнат Баерн и Арсенал по ремито 2:2 во Лондон.

Во првиот меч на домашен терен ПСЖ загуби со 2:3, но на возвратот во Шпанија ја совлада Барса со 1:4 и се пласираше во полуфиналето со вкупни 6:4.

Усман Дембеле (39), Витиња (54) и Килијан Мбапе (89, 61-11м) ги постигнаа головите за победа на париската екипа, додека Рафиња (12) беше стрелец за Барса. Тоа беше негов трет гол во четврт-финалето, откако постигна два на првиот натпревар во Париз.

Можеби клучниот момент на натпреварот се случи во 29. минута. Бредли Баркола му побегна на Араухо, кој го собори на самиот раб од шеснаесетникот, а романскиот судија Иштван Ковач немаше милост, му покажа црвен картон на дефанзивецот на шпанскиот тим.

Незадоволството кај Каталонциоте од судењето на Унгарецот кулминираше откако во 56. минута црвен картон доби и тренерот Чави Ернандез.

Во уште еден фантастичен натпревар Борусија го совлада Атлетико Мадрид со 4:2 во Дортмунд, со што ја надополни негативата од 2:1 од првиот натпревар.

По сигурното водство од два гола на полувреме, Атлетико во вториот дел успеа рано да даде гол, а потоа и да изедначи, но Германците направија комплетен пресврт.

Головите за германскиот тим ги постигнаа Јулијан Брант (34), Јан Маатсен (39), Никлас Фулкруг (71) и Марсел Сабицер (74), а за гостите Матс Хумелс (49 автогол) и Ангел Кореа (64).

AA
Популарни