Европската фудбалска федерација УЕФА денеска во своето седиште во Нион ги извлече двојките од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Дански Копенхаген ќе се соочи со бранителот на титулата Манчестер Сити, а Реал Мадрид ќе игра против Лајпциг.
Атлетико Мадрид ќе се сретне со минатосезонскиот финалист Интер од Милано, а Пари Сен Жермен ќе се сретне со Реал Сосиедад, додека Наполи и Барселона ќе бидат најинтересната двојка во осминафиналето.
Останатите двојки се Порто-Арсенал, ПСВ Ајндховен-Борусија Дортмунд и Лацио-Баерн.
Првите осминафинални натпревари ќе се играат на 13, 14, 20 и 21 февруари, а реваншите на 5, 6, 12 и 13 март.
Четвртфиналето ќе се одржи на 9 и 10 и 16 и 17 април, полуфиналните на 30 април и 1 мај и 7 и 8 мај, а финалето на 1 јуни на Вембли во Лондон.