Буфон: Доколку би можел да одберам повторно би го играл финалето на ЕП 2012 / Photo: AA Archive

Поранешниот голман на Италија и Јувентус, Џанлуиџи Буфон именуваше натпревар кој би сакал да го повтори.

„Доколку треба повторно да одиграм еден натпревар во кариерата, би го избрал финалето на ЕП 2012 против Шпанија. Не го заслуживме овој резултат, бевме исцрпени. Не барам изговори, но натпреварот го одигравме во невозможни психофизички услови. Да ни беше даден дополнителен ден за одмор, можевме да играме поинаку. Така како што беше не можевме да направиме ништо против Шпанија“, изјави Буфон за „La Repubblica“.

Во финалето на ЕП 2012, репрезентацијата на Шпанија ја совлада Италија со резултат 4:0. Головите ги постигнаа Давид Силва, Жорди Алба, Фернандо Торес и Хуан Мата.

Тоа Европско првенство беше последно на учествуваа 16 репрезентации.

MIA
Популарни