Магазинот објави дека овогодинешниот добитник на наградата за спортист на годината е Меси, кој во јули пристигна од француски ПСЖ во Интер Мајами и за кратко време ги освои симпатиите на навивачите на американската МЛС-лига / Photo: AA

Аргентинската суперѕвезда на Интер Мајами, Лионел Меси, е прогласен за спортист на годината од американскиот магазин „Тајм“.

Магазинот на социјалната мрежа Х објави дека овогодинешниот добитник на наградата за спортист на годината е Меси, кој во јули пристигна од француски ПСЖ во Интер Мајами и за кратко време ги освои симпатиите на навивачите на американската МЛС-лига.

Претходно оваа награда на магазинот „Тајм“ ја освоија атлетичарката Симон Билс (гимнастика), Леброн Џејмс (кошарка) и женската фудбалска репрезентација на САД, како и Арон Џаџ (бејзбол).

Во август, 36-годишниот Меси го предводеше Интер Мајами до победа во Лига на купот на Северна Америка, што беше прва титула на американскиот клуб во историјата. Тој постигна десет гола на седум натпревари во Лига на купот.

Во октомври, Меси ја освои рекордната осма Златна топка откако ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство во 2022. Тоа беше прва победа на Аргентина на Светското првенство од 1986 година.

За време на богатата фудбалска кариера, Меси има освоено 44 трофеи, вклучувајќи ги Купот на Америка во 2021 година и Светското првенство во 2022 година со Аргентина.

TRT Balkan / агенции
Популарни