ФИФА ги објави кандидатите за фудбалер на годината / Photo: AA

Меѓународната федерација на фудбалски сојузи (ФИФА) ги објави кандидатите за најдобар фудбалер за 2023 година.

Кандидатската листа, на која се најдоа 12 имиња, ќе се намали на три по гласовите на селекторите и капитените на репрезентациите, како и навивачите и новинарите.

Љубителите на фудбалот ќе може да гласаат на веб-страницата на ФИФА до 6 октомври.

Кандидати за фудбалер на годината се:

Хулијан Алварез (Манчестер Сити)

Марсело Брозовиќ (Ал Наср)

Кевин де Брујне (Манчестер Сити)

Илкај Ѓундоган (Барселона)

Ерлинг Халанд (Манчестер Сити)

Родри (Манчестер Сити)

Хвича Кварацхелија (Неапол)

Килијан Мбапе (Париз Сен Жермен)

Лионел Меси (Интер Мајами)

Виктор Осимхен (Наполи)

Деклејн Рајс (Арсенал)

Бернардо Силва (Манчестер Сити)

TRT Balkan / агенции
Популарни