Првата дама на Туркије Емине Ердоган и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш         Фото: АА

Првата дама на Туркије Емине Ердоган и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во понеделникот потпишаа документ за добра волја за проширување на турскиот проект „Нула отпад“ низ светот.

Ердоган и Гутереш имаа средба во седиштето на ОН, на која дискутираа за еколошките прашања, вклучително и за проектот „Нула отпад“, проект започнат во 2017 година од првата дама во Туркије.

Проектот има за цел да се управува со отпадот според принципите за одржлив развој и да се намали загадувањето.

По средбата, Гутереш рече дека отпадот е витален проблем на денешницата и дека проектот во оваа смисла е многу вреден и импресивен.

Шефот на ОН, исто така, ги повика земјите на ОН да го прошират проектот „Нула отпад“ на Туркије на глобално ниво, како дел од еколошкиот проект, кој е меѓу најважните прашања со кои ОН се борат.

Осврнувајќи се на текстот на добра волја за проектот, Гутереш рече дека ќе го потпише ова пред камера поради важноста на ова прашање.

„Текстот што ќе го потпишеме со вас денеска ја открива нашата заедничка намера во оваа смисла. Се надевам дека бројот на потписи на оваа декларација, што ќе ги ставиме ние двајцата први, дополнително ќе се зголемат“, подвлече Ердоган, додавајќи дека посакува проектот да се прошири глобално.

Пред церемонијата на потпишување, Ердоган на генералниот секретар му го подари портретот на Гутереш, создаден со отпадни текстилни материјали од уметникот Дениз Сагдиќ.

Според податоците објавени во јули од турското Министерство за животна средина, урбанизација и климатски промени, проектот „Нула отпад“ спречи 3,9 милиони тони емисии на стакленички гасови и заштеди на економијата милијарди долари.

AA
Популарни