По речиси пет децении повторно бил забележа и снимен на камери

Се претпоставуваше дека анадолскиот леопард (Panthera pardus tulliana) е исчезнат вид кој последен пат бил забележан во средината 70-тите години на минатиот век во Туркије.

Сепак, годинава тој беше повторно забележан и неговото присуство е веќе потврдено во четири региони на Туркије. Пред само неколку дена беше „уловен“ на специјално поставена камера од турското Министерство за земјоделство и шумарство со што уште еднаш се потврди дека овој вид леопард не е исчезнат.

Во прилог се пет факти за анадолскиот леопард, кој плени со својата грациозност.

Се сметаше за исчезнат од 1974 година

Во Туркије, анадолскиот леопард се претпоставуваше дека е исчезнат уште од 1974 година. Причина за тоа било ловокрадството. Всушност во 1974 година во областа Бејпазар во околината на Анкара ловокрадци убиле ваков леопард и токму тој се сметал за последен од својот вид.

Ѕидни слики стари илјадници години

Историјата на загрозениот анадолски леопард датира илјадници години наназад. Тоа го потврдува фактот што кожи од анадолскиот леопард или анадолски пантер се забележани и на ѕидни слики во Каталхојук (6000 п.н.е.) во централна Туркије.

Просечен животен век од 20 години

Анадолскиот леопард има висина од 1,5 метри, тежина од околу 70 до 80 килограми и има импресивен опаш долг еден метар.

Подвидови во близина на Туркије

Негови подвидови се персискиот леопард кој е присутен во Грузија, Ерменија, Иран, Авганистан и Азербејџан, а подвидови може да се најдат и во Иран. Кубинскиот басен на Кавказ и во Арабија.

План за зачувување на видот

По речиси пет децении повторно бил забележа и снимен на камери. Министерство за земјоделство и шумарство во мај годинава објави снимка од анадолскиот леопард. Леопардот бил снимен со камера-мамка минатата година, а на снимките се гледа како тој се движи во своето природно живеалиште во Туркије.

Министерството не ја сподели точната локација на нивното природно живеалиште заради нивна заштита.

Првата снимка беше споделена од Министерството по повод Меѓународниот ден на биолошкиот диверзитет, кој се одбележува на 22 мај, во обид да се зголеми свеста за прашањата за биолошката разновидност и за повиците за дејствување во правец на заштита на биолошкиот диверзитет на планетата. Од тогаш, камерите го уловија во уште неколку случаи. Објавени се фотографии, но и видеа.

По првите и последователните наоди, Туркије подготви акционен план за зачувување на видот. Формирана била истражувачка единица исклучиво за следење на овие леопарди. Се смета дека леопардите сè уште се изложени на ризик од исчезнување поради голем број фактори, човековото ширење и навлегување во нивните живеалишта, индустријализацијата, шумски пожари како и нелегалниот лов.

TRT Balkan
Популарни