За многумина пост-трауматското стресно нарушување (ПТСД) и различни видови на анксиозност ќе бидат неизбежни     Фото: ТРТ Ворлд / Photo: TRT World

Многу поединци првично се справуваат со катастрофата за само по неколку недели или месеци да станат депресивни. Сепак, некои рутини може да им помогнат на преживеаните да се справат и да продолжат понатаму.

Во последните 50 години интервенциите и истражувањата за менталното здравје покажаа дека различни психички состојби често се појавуваат по природни катастрофи. Не е големо изненадување дека депресијата и реакции на тагата се многу чести. За многумина пост-трауматското стресно нарушување (ПТСД) и различни видови на анксиозност ќе бидат неизбежни.

Бројот на луѓе кои ќе развијат психичко нарушување може да варира согласно видот на непогодата. На пример по циклони, поплави и шумски пожари 10% од децата развиваат значителни емотивни состојби поврзани со несреќата. Клучен фактор за предвидување е перцепцијата на опасноста, односно дали сте помислиле дека може да умрете за време на трауматскиот настан.

Некои истражувања демонстрираа зголемена веројатност за ПТСД за пет до осум пати ако индивидуата доживеала изразена закана. Земјотресите вообичаено резултираат со висока стапна на пост-трауматски ментални нарушувања. Ова се должи на релативно високата стапка на смртност и поврзаноста со реалното зголемување на перцепцијата за заканата, честото прикажување и сведочење на уништената област и стравот од афтершокови.

Резултатите од истражувањата исто така откриваат повисоки стапки на ментални нарушувања кај децата и тинејџерите споредено со возрасните, повисоки стапки кај жените и кај луѓето кои имаат понизок степен на друштвена интеракција. Најважно, секој може да страда од овие пост-трауматски состојби. Не е ограничено ниту само кај тие кои имаат предуслови за проблеми со менталното здравје.

Добрата страна е што сега постојат многу поефикасни мерки за третман на пост-трауматските состојби. Сепак, по обемот на овој земјотрес, бројот на тие кои ќе имаат потреба од ваков вид нега може да го преплави здравствениот систем. Како и да е, новоразвиените ефективни мерки може да се применат од широк опфат на професионалци, како предуслов за што поголем опфат на преживеаните, кои ќе имаат таква потреба.

Закрепнувањето секогаш трае подолго од очекуваното, а со оглед на земјотресот во Туркије ќе бидат потребни многу години со оглед на обемот на катастрофата и трагичниот број на загинати.

Земјотресите вообичаено нанесуваат големи штети врз инфраструктурата и станбените објекти, за кои е потребно време да се отстранат, а тоа води до второстепени емоционални предизвици. Многу поединци кои ќе се справат со почетната катастрофа може да станат депресивни неколку месеци подоцна поради чувството на постојана тага и хроничен стрес поврзани со потешкотиите да се врати животот како претходно.

Во однос на клучните принципи за емоционално закрепнување, по првичната фаза на потрага и спасување кои доминираат во првиот месец, постојат многу придобивки од поттикнување на луѓето да се вратат на што е можно повеќе од нивните вообичаени рутини. На пример, децата треба да се вратат во некаква форма на образование. Рутините се полезни од емоционална перспектива и ни овозможуваат да ги тргнеме настрана траумата за одреден период.

По враќањето на рутините, следи фаза на промовирање на поврзаноста на заедницата. Има јасни емоционални придобивки во споделувањето на неволјите, размислувањето и грижата за другите и вклучувањето во проекти за обновување на заедницата. Една посебна психолошка интервенција во овој момент е помагањето на поединецот да не го гледа светот како место со постојан и неизбежен ризик. Така ќе се избегне чувството дека постојано треба да сме на штрек и да мислиме како да се спасиме, наместо да се фокусираме на закрепнувањето.

Примената на оваа интервенција е многу потешка со непредвидливата природа на земјотресите и постојаното потсетување од афтершоковите. Друга психолошка задача е соочување со избегнување на фобијата, со враќање на поранешните места и активности. И тука, важи дека задачата е исто така тешка бидејќи по земјотресот има многу потсетници на моментите на страв.

Приближно шест месеци по настанот треба да се стави силен акцент на подготовката за состојбите на долг рок. Ваквиот акцент ги поттикнува луѓето да разберат дека можноста физички да се преоптоварат е голема и дека адреналинот од првичниот одговор не може да се одржи со месеци.

Мораме емоционално и физички да се подготвиме за хронични неволји и стрес, а овој начин на размислување е донекаде заштитнички од неизбежните неуспеси околу доцнењето со реконструкцијата.

Од аспект на нудење помош би ги охрабрил колегите да се стават на располагање, бидејќи се достапни многу едукативни материјали и водичи како да се спроведат овие услуги за преживеаните.

Брет Мекдермот

Ставовите искажани од авторите не мора да ги одразуваат мислењата, гледиштата и уредувачката политика на ТРТ.





TRT World
Популарни