Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, согласно Законот за управување со кризи, донесе одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со пожарите, по донесената Одлука на Владата од 13 август 2024 година за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на државата.
„Начинот и интензитетот на кој припадниците на Армијата ќе помагаат на другите институции при гаснење на пожарите ќе го одредува Генералштабот на армијата во согласност со побарувањата од Центарот за управување со кризи и состојбата на теренот“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.
TRT Balkan / агенции