Со законот се става крај на преработката на руска нафта во рафинеријата на Лукоил во Бургас / Photo: AA

Бугарија забрани преработка на руска нафта од 1 март 2024 година.

Парламентот, со 144 „за“ и „0“ против, вчера ги усвои првиот и вториот нацрт-закон со кој се забранува извоз на горива произведени од руска нафта од 1 јануари 2024 година.

Покрај тоа, со законот се става крај на преработката на нафта со потекло од Русија од страна на нафтената рафинерија во земјата, руската Лукоил, во јужниот пристаништен град Бургас, почнувајќи од 1 март 2024 година, јави државната новинската агенција БТА.

Потегот на Бугарија го скрати отстапувањето од ембаргото на ЕУ за увоз на нафта од Русија што Европската комисија ѝ го додели на Бугарија во 2022 година.

Отстапувањето првично беше валидно до 31 декември 2024 година и се заснова врз специфичната географска изложеност на Бугарија.

Бугарскиот Парламент, исто така, одлучи да ја укине транзитната такса за увоз на руски природен гас во и кој транзитира преку Бугарија.

Оваа одлука ја поттикна Унгарија да издаде предупредување дека ќе го блокира влезот на Бугарија во Шенген зоната ако не се укине транзитната такса.

AA
Популарни