Лавров оцени дека моменталната глобална ситуација во однос на безбедносната несигурност може да се спореди со ерата на Студената војна / Photo: AA

Руската делегација ќе учествува на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ во Скопје, доколку Бугарија, како што ѝ вети на Северна Македонија, го отвори воздушниот простор за Руската Федерација.

Ова го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, говорејќи на форумот Примаковски читања, пренесува Тасс.

„Македонија нѐ покани да присуствуваме на состанокот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ. Бугарија наводно ѝ ветила на Македонија дека ќе го отвори својот воздушен простор. Ако го направи тоа, ќе бидеме таму“, рече Лавров.

„Ќе видиме како тие ќе комуницираат“, продолжи Лавров. „Веќе има неколку барања за средба во случај да работиме таму, вклучително и од западни претставници. Се разбира, ќе се сретнеме со сите“.

Лавров оцени дека моменталната глобална ситуација во однос на безбедносната несигурност може да се спореди со ерата на Студената војна.

Состанокот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ ќе се одржи од 30 ноември до 1 декември во Скопје.


Tanjug
Популарни