Преговорите за копнените гранции продолжуваат во 2024 година / Фото: AA

Романија и Бугарија ќе влезат во Шенген зоната на слободно движење по воздушни и поморски граници во март 2024 година.

„На 23 декември 2023 година, Министерството за внатрешни работи постигна политички договор заедно со соодветните министерства на Австрија и Бугарија во врска со проширувањето на Шенген зоната со Романија и Бугарија и примената на правото на Шенген преку воздушните и поморските граници почнувајќи од март 2024 година“, се вели во соопштението на романското МВР.

Се додава дека преговорите и подготовките за проширување на Шенген зоната до копнените граници на двете земји ќе продолжат во 2024 година.

Потребно е формално одобрување од сите земји-членки како последен чекор за материјализација на договорот, се наведува во соопштението.

Шенген зоната моментално вклучува 23 од 27 европски земји, како и Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн, и им овозможува на луѓето слободно да патуваат меѓу земјите-членки без да минуваат низ гранични контроли.

Претходно, Австрија, која тврдеше дека зголемениот проток на недокументирани мигранти во Европа докажува дека Шенген зоната не функционира правилно.

Холандија, која инсистираше на тоа дека Бугарија треба да преземе сеопфатни судски и антикорупциски реформи, долго го блокираше влезот на двете земји во Шенген зоната.

AA
Популарни