Пратениците на црногорскот парламент на полноќ изгласаа недоверба на Владата предводена од премиерот Дритан Абазовиќ.     Фото: АА

Пратениците на црногорскот парламент на полноќ изгласаа недоверба на Владата предводена од премиерот Дритан Абазовиќ.

Во гласањето учествуваа 51 пратеник. За недоверба на Владата гласаа 50 пратеници, на ДПС, СДП, СД, Либералната партија, Бошњачката партија, ДУА, Вистинска Црна Гора и Демократите, а против беше еден пратеник.

Пред гласањето, пленарната сала ја напуштија пратеници од Демократскиот фронт (ДФ), Движењето за промени (ПзП), Социјалистичка народна партија (СНП), Демос и Граѓанското движење УРА.

Ова е вторпат на Владата на Црна Гора во краток временски период да ѝ биде изгласана недоверба во Парламентот. Претходно 42. Влада на Црна Гора беше сменета од страна на Собранието на 4 февруари.

Пратеникот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Даниел Живковиќ, како предлагач, на почетокот на дискусијата наведе дека Владата на премиерот Дритан Абазовиќ ја загуби поддршката поради напуштање на европската агенда. Живковиќ рече дека е пропуштена шансата да се искористи поддршката во парламентот и да се деблокираат институциите и со помош на партнерите Црна Гора да биде способна до 2025 година да стане членка на Европската Унија (ЕУ).

„Очигледно тоа е затоа што постоеја некои други теми и обврски“, додаде Живковиќ образложувајќи ја иницијативата.

Тој потсети дека од нормативните приоритети се подразбираше со договорот да се дојде до избори на челните луѓе во правосудството, а дека од политичките приоритети прв бил борбата против организираниот криминал и корупција.

„Наместо тоа видовме дека денес Црна Гора нема деблокада на правосудните институции, нема избрано ниту еден судија на Уставен суд, немаме избрани угледни правници во Судскиот совет“, наведе Живковиќ.

Одговарајќи на дискусијата на пратениците, Абазовиќ рече дека секако мора да се оди на избори, порано или подоцна. Повтори дека иницијативата е поднесена затоа што е потпишан Темелниот договор со Српската православна црква (СПЦ).

AA
Популарни