Фронтекс: Трикратно повеќе илегалните влегувања во ЕУ од Балканот     Фото:  Reuters

Бројот на илегалните мигранти, кои од земјите од Балканот влегоа на територијата на Европската унија (ЕУ), е трикратно зголемен оваа година во споредба со минатата, објави Фронтекс (Европската агенција за гранична и крајбрежна стража).

Од јануари до мај 2022 година Фронтекс регистрираше вкупно 40.675 илегални преминувања на границата на западно-балканската рута, што е речиси трипати повеќе отколку во истиот период во 2021 година.

Тоа е половина од вкупната бројка од 86.420 илегални преминувања на границите на ЕУ во тој период, наведува Фронтекс.

Во податоците не се вклучени Украинците

Што се однесува само до мај, „бројот на илегални мигранти детектирани во регионот се удвои, на 12.088“, пишува Фронтекс во соопштението, додавајќи дека во најголем дел илегалните мигранти се од Сирија и од Авганистан.

Фронтекс не ја наведува причината за зголемување на бројката на илегални мигранти, но сугерира дека повеќето луѓе кои ги откриле одреден период престојувале на подрачјето на Западен Балкан пред да се обидат да влезат во ЕУ.

„Луѓето кои бегаат поради војната во Украина не се вклучени во тие податоци“, известува Фронтекс.

Според последните податоци на Фронтекс, во ЕУ влегле повеќе од 5,5 милиони Украинци од почетокот на руската инвазија во февруари.


TRT Balkan / агенции
Популарни