Меѓу најпосетуваните локации во Скопје е планината Водно       Фото: МИА

Планинските врвови, кои се наоѓаат во близина на метрополите, одамна се трансформирани во составен дел на урбаните средини. Луѓето обично се качуваат до нив со возила или пеш. Но, со години во неколку градови на Балканот се градат жичарници, кои во голема мера го олеснија пристапот на граѓаните до свеж воздух и помирна средина.

Жичарниците се ставени и на туристичките мапи на градовите од регионот. Некои од нив ја идентификуваат и поновата историја на градовите.

Во продолжение, ТРТ Балкан ви дава преглед на градовите на Балканот каде има функционални жичарници.

Жичница Требевиќ-Сараево

Жичарниците во скијачките центри се доста популарни меѓу луѓето. Сепак, ретки се градовите кои имаат вакво превозно средство во своите населби или во околината за потребите на локалното население или туристите.

Жичарницата Требевиќ официјално била отворена на 3 мај 1959 година и го поврзала Бистрик (583 м/нв) со Требевиќ (1160 м/нв).

За време на опсадата на Сараево (1992-1996 година), жичарницата заедно со станицата за поаѓање и пристигнување во Требевиќ беше целосно уништена.

Враќањето на жичарницата во Сараево се случи 22 години по завршувањето на војната, поточно на 6 април 2018 година. Повратниот билет за возење на до панорамското место Требевиќ чини 2 евра.

Жичница Тирана-Дајти

Од 2005 година, локалните жители и странските посетители можат да уживаат во околината на планината Дајти во Тирана со помош на жичарницата, чија изградба траеше две години.

Хоризонталната должина на оваа жичарница е 4.182 метри, брзината на движење е 4-7 метри во секунда, капацитетот е 360 луѓе на час и времето на патување е 13 минути.

Планината Дајти нуди различни активности за посетителите, од планинарење па се до миниголф, каде се наоѓа првиот клуб од ваков вид во Албанија.

Дел од овој туристички комплекс е и Авантуристичкиот парк, атрактивен особено за децата. Во исто време, областа на планината Дајти е привлечна за љубителите на планинскиот велосипедизам. Цените за користење на жичарницата се од 8 евра па нагоре.

Жичарницата на Водно во Скопје

Меѓу најпосетуваните локации во Скопје е планината Водно. Качувањето со велосипед и пеш е рутина за многу граѓани на главниот град на Северна Македонија со години. Од 2011 година искачувањето на врвот на оваа планина е можно и преку жичарницата.

Висината на планината Водно е 1.750 метри. Жичарницата е изградена на височина од 570 метри. За време на викендите и празниците таа е најкористена. Повратниот билет чини 1,60 евра.

Жичарница до Призренската тврдина?

Културното наследство и долгогодишната историја го прават градот Призрен во Косово едно од најпосетуваните места, без разлика дали од локалното население или од странските туристи. Бројните историски (верски) објекти, меѓу кои и тврдината на Призрен, се симбол на овој историски град.

Призренската тврдина од центарот на градот се наоѓа на висина од над 500 метри. Според надлежните, предизвик за многу посетители е да пристапат до овој локалитет. Затоа, пред неколку дена локалната власт и централната власт го потпишаа договорот за изградба на жичарница, која ќе обезбеди алтернативен начин да се посети тврдината каде посетителите имаат отворен поглед на градот Призрен.

Инаку, ваква иницијатива во Призрен имаше и во 2017 година, но реализацијата пропадна бидејќи, според општинските власти, била спротивна на некои законски одредби.

TRT Balkan
Популарни