Сѐ уште нема информации што е причината за пожарот / Photo: ТРТ Балкан

Пожарот во Универзална сала во Скопје е локализиран и нема опасност од негово ширење, информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Скопската Бригада за противпожарни задачи работи на догаснување на пожарот.

На Единствениот број за итни случаи112 во ЦУК е добиена пријава за пожар на отворено кој се шири над објектот на Универзалната сала лоцирана на Булевар „Партизански Одреди“, во Скопје.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека гори една од куполите на објектот и дека пожарникарите се на самото место и се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Сѐ уште нема информации што е причината за пожарот.

Гори Универзална сала во Скопје TRT Balkan MK

Во Универзална сала во тек беа работи за нејзино реновирање.

Потсетуваме, голем пожар избувна утрово во Универзална сала во Скопје, од каде можеше да се види црн чад и голем оган како се шират преку неодамна изградената нова купола на објектот.

На местото на настанот пристигнаа бројни екипи на Противпожарната бригада. Од Центарот за управување со кризи потврдија дека гори една од куполите на објектот и дека пожарникарите се на самото место и се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Граѓаните очевидци за ТРТ Балкан потврдија дека приметиле пожар во Универзална сала некаде околу 9 часот и 30 минути.

Универзална сала, еден од симболите на Скопје, почна да се реновира пред еден месец, а надлежно за реконструкција е Министерството за култура.

TRT Balkan
Популарни