Муцунски во работна посета на Шпанија / Photo: AA

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски денеска е во работна посета на Кралството Шпанија.

„Покрај средбата со својот домаќин, Министерот за надворешни работи, Европска Унија и соработка, Хозе Мануел Албарес Буено, МНРНТ Муцунски ќе се сретне со членови на комисијата за надворешна политика на Сенатот на Шпанија, со потпретседателот на Шпанската конфедерација на бизниси (CEOE), Inigo Fernandez de Mesa, а ќе има и свое обраќање на Кралскиот Институт El Cano на тема „ЕУ интеграции како императив за безбедност, стабилност и развој на регионот на земјите од Западен Балкан“, извести МНР.

Во фокусот на разговорите ќе бидат политичките релации меѓу двете земји, можностите за унапредување на билатералната соработка, со посебен фокус на перспективите за продлабочување на економските односи.

„На средбите ќе бидат разменети мислења и за ЕУ досието на нашата земја и поддршката од Шпанија во овој контекст, како и соработката во бројните мултилатерални формати“, соопшти МНР.

TRT Balkan / агенции
Популарни