Откриен тунел за бегство од затворот Идризово / Photo: Министерство за внатрешни работи на РСМ

Група осудени лица кои издржуваат казна затвор во Казнено порпавниот дом Идризово во близина на Скопје, подготвувале бегство од затворот со копање на тунел, а полицијата го спречила бегството по добиени криминалистички сознанија.

„Министерството за внатрешни работи (МВР), Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата за национална безбедност спречи организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово“, соопшти МВР.

По добиените криминалистички сознанија дека група од најмалку осум осудени лица кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, осудени за сериозни кривични дела со определени казни од 10 години до доживотен затвор, подготвуваат бегство од затворот со копање на тунел, МВР спроведе криминалистичко оперативни активности на проверка на информациите по што истите ги сподели со Управата за извршување на санкциите.

TRT Balkan / агенции
Популарни