Силен економски раст, подобрување на транспортната инфраструктура, квалитени работни места, се само дел од стратешките приоритети за периодот 2024 – 2028 година, информира владиниот портпарол Марија Митева.

Поттикнување силен циклус на економски раст, подобрување на транспортната инфраструктура, зголемување на животниот стандард, создавање квалитени работни места, модернизирање на образовниот систем и забрзување на дигиталната трансформација, се само дел од стратешките приоритети за периодот 2024 – 2028 година. Во функција на нивна реализација е и Програмата за работа на македонската Влада во 2025 година што беше донесена на последната седница.

Како што информира денеска владиниот портпарол Марија Митева, презентирајќи ја Програмата, економското заживување на државата е врвен приоритет.

Според Митева, одредена е динамика по месеци за реализација на Програмата, што е потврда за транспарентноста и предвидливоста на Владата.

Програмата има два дела, еден се однесува на акти и материјали по кои одлучува Собранието, а другиот се однесува на Владата.

„Програмата е во функција на остварување на стратешките приоритети за периодот 2024 – 2028 година, секој дизајниран да одговри на итните предизвици: обвновување на довербата во институциите, ефикасна борба против криминалот и корупцијата, како и владеење на правото. Програмата има за цел да даде навремена испорака и мерливи резултати,“ напомена владината портпаролка на прес-конференција .

TRT Balkan / агенции
Популарни