Студентите од ИБУ изразија поддршка на палестинскиот народ / Photo: AA

Активности за поддршка и солидарност со Палестина организираа студентите на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопје.

На настанот што се одржа во кампусот на универзитетот, покрај студенти и академици, присуствуваа ректорот на ИБУ, проф. д-р Љутфи Сунар, и вработените во ИБУ.

Како дел од програмата, на влезот на кампусот беше отворена изложба со фотографии од настаните во Палестина и Газа, а на различни локации во кампусот на ИБУ беа поставени палестински знамиња.

Во програмата студентите рецитираа и пееја песни со кои ја изразија својата солидарност со Палестина, а претставникот на студентите прочита соопштение во кое се изразува поддршка за Палестина и Палестинците.

Студентите од ИБУ изразија поддршка на палестинскиот народ AA

Ректорот на ИБУ, проф. д-р Љутфи Сунар, во своето обраќање пред новинарите потсети дека во Палестина се случува масакр, геноцид и истакна дека илјадници деца, ученици и жени се убиени од страна на Израел.

„Нивна единствена вина е што посакуваат да живеат слободно во сопствената татковина“, рече ректорот Сунар и додаде дека студентите на ИБУ спровеле активности во кампусот за да ја покажат својата поддршка за Палестина.

Нагласувајќи дека како луѓето од целиот свет што се за слобода и правда, и тие како универзитет ја поддржуваат желбата на Палестина да живее целосно независно на сопствената земја и во сопствената татковина, ректорот Сунар истакна:

„Ова ѝ го велиме на целата меѓународна јавност. Веруваме дека во иднина ќе се воспостави слободна Палестина и оние што денес молчат за геноцидот и масакрот во Палестина, ќе го заземат своето место на таблата на срамот во светската историја.“

Како дел од активностите на настанот, студентите почнаа кампања за собирање потписи повикувајќи на „запирање на геноцидот“ во Појасот Газа.

Во рамките на активностите, утре (6 јуни), поранешните и сегашните студенти на универзитетот на еден ѕид во кампусот ќе цртаат мурали, ќе се организира и хуманитарен базар, а приходот од базарот ќе биде пратен до оние во Палестина на кои најмногу им е потребен.

AA
Популарни