Тошковски ги посетил полициските службеници дежурни во новогодишната ноќ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера остварил работна средба со раководството на СВР Скопје и посетил дел од полициските службеници на терен кои во пресрет на новогодишната ноќ имаа задача да се грижат за безбедносната состојба и одржување на јавниот ред и мир.

„Огромна благодарност до македонската полиција, до секој еден македонски полицаец којшто моментално не е со своето семејство во својот дом, туку е на терен помеѓу македонските граѓани на местата каде што се прославува новогодишната ноќ. Покрај полициските службеници од сите сектори кои се на терен, имаме полициски службеници и од сообраќајната полиција како во рамки на СВР Скопје така и во рамки на сите останати Сектори за внатрешни работи низ Македонија. Присутни сме и контролираме, ќе бидеме будни како македонска полиција и ја користам оваа прилика да испратам апел до сите наши граѓани, посебно до оние кои оваа вечер ќе слават и ќе консумираат алкохол, да не управуваат моторно возило, како и да не користат пиротехнички средства кои што би можеле да нанесат повреди“, потенцираше министерот Тошковски.

TRT Balkan / агенции
Популарни