Утринава Скопје под снежна покривка / Photo: AA

Утринава жителите на главниот град на Северна Македонија, Скопје, беа изненадени од неочекувани врнежи од снег, кои го покрија градот со тенок слој белина.

Големите снегулки паѓаа интензивно во раните утрински часови, создавајќи снежна покривка во градот.

Наглата промена на времето за многумина донесе и можност да ја почувствуваат ретката зимска магија во Скопје, каде што снегот сѐ поретко се задржува подолго.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Северна Македонија се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег. Слаби врнежи од снег се очекуваат во текот на ноќта, особено во планинските предели.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен дожд, а температурите ќе достигнат до 6 Целзиусови степени.

AA
Популарни