Висина на просечни пензии во регионот: Црногорците лидери со 359 евра

Износот на просечната пензија во Црна Гора е највисок од сите земји од Западен Балкан, без Словенија и Хрватска, кои се членки на Европската Унија. Просечната пензија во Црна Гора за октомври изнесува 359 евра и е значително повисока од просечната пензија во Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Косово. Во Србија со последното зголемување просечната пензија е 287 евра, во Северна Македонија 283 евра, додека во БиХ просечната пензија во октомври изнесува 272 евра. Најниски просечни пензии имаат жителите на Албанија-128 евра.

Просечната пензија во Северна Македонија е 283 евра

Висина на просечни пензии                 Илустрација: ТРТ Балкан Others

Почнувајќи од октомври, околу 330.000 пензионери во Северна Македонија добиваат повисоки пензии за повеќе од 17 евра. Врз основа на измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и според Методологијата за усогласување на пензиите, просечната плата во државата одобрена од Владата, просечната пензија во Северна Македонија во октомври изнесува 283 евра.

Зголемување во Црна Гора

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Црна Гора од почетокот на годината трипати ги коригира пензиите, што доведе до тоа црногорските пензионери да имаат пензии значително повисоки од пензиите во земјите од регионот.

Последното коригирање од 1 септември, со кое износот на најниската пензија се зголеми на 253 евра, значително влијаеше на зголемувањето на просечната пензија. Она што е сигурно е дека пензиите во Црна Гора ќе продолжат да растат и во наредните месеци, а првото значително зголемување ќе биде од 1 јануари следната година. Тогаш ќе стапи на сила измената на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со која се предвидува минималната пензија да изнесува 270 евра. Тоа ќе влијае и на растот на просечната пензија во земјава. Во Црна Гора во моментов има 128.000 корисници на пензија.

Планирано зголемување на пензиите и во 2023 година

Владата на Црна Гора минатата недела го претстави нацрт-буџетот за 2023 година. Со предложениот нацрт се предвидуваат 35 милиони евра за зголемување на пензиите во наредната година. Но, дека финансиската состојба во Црна Гора не е баш најдобра, потврдува и фактот што средствата што недостигаат во буџетот за следната година се предвидени да бидат 705 милиони евра.

Минималната заработка во Црна Гора е 450 евра

Во Црна Гора, покрај пензиите, од почетокот на годинава е зголемена и минималната плата, што се одрази и на растот на просечната плата во земјата. Минималната плата е зголемена од 250 на 450 евра, а просечната од 500 на 718 евра. Буџетот за следната година предвидува зголемување на платите за просветните работници, вработените во јавната администрација, пожарникарите, полицијата, медицинските работници.

Просечната пензија во Словенија 812 евра

Словенија и Хрватска, очекувано, како членки на ЕУ имаат значително повисоки пензии од останатите земји во регионот. Во Словенија заклучно со ноември просечната пензија беше 812 евра, додека во Хрватска просечната пензија во октомври изнесуваше 410 евра.

TRT Balkan / агенции
Популарни