Грчката влада има намера да ги зголеми туристичките такси и очекуваниот приход од 600 милиони евра да ги насочи кон фондот за санација на штетите предизвикани од климатските промени, изјави премиерот Киријакос Мицотакис.
Туристичката такса за најевтините ноќевања во апартмани ќе изнесува 1,5 евра наместо досегашните 0,5 евра за ноќевање, а таксата за ноќевања во хотели со пет ѕвезди се зголемува од четири на десет евра по ноќ.
Мицотакис додаде дека приоритетите на овој фонд ќе бидат најбрза можна мобилизација за спасување животи во катастрофите со кои ќе се соочува земјата во иднина“, како и обезбедување финансиски средства за одбрана од климатската криза.
По разорните пожари во јули, а потоа и на крајот на август, кои опустошија повеќе од 150.000 хектари, Грција на почетокот на септември беше погодена од катастрофални поплави.