Праведно, постојано и одржливо решавање на кипарското прашања врз основа на фактите на овој остров е од интерес на целиот регион, нагласи Ердоган / Photo: AA

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека нема некое прашање меѓу Туркије и Грција што не може да се реши.

Ердоган го истакна ова на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Атина.

„Нашите постојни прашања сакаме да ги решиме со заеднички напори и во рамките на конструктивниот дијалог, добрососедството и меѓународното право“, рече Ердоган.

„Праведното, постојаното и одржливото решавање на кипарското прашања врз основа на фактите на овој остров е од интерес на целиот регион“, нагласи тој.

Ердоган, меѓу другото, рече: „Сакаме Егејот да го претвориме во море на мирот и соработката. Сакаме со заеднички чекори, кои ќе ги направиме како Туркије и Грција, да бидеме пример во светот.“

За средбата, Ердоган рече дека двете страни размениле мислења за своите ставови во однос на Егејското Море и Источниот Медитеран. „Од нашите министри за надворешни работи побаравме да работат во оваа насока“, истакна тој.

„(Затворањето на Кампот во Лаврио) Истакнав дека е потребна внимателност, со цел да не се формираат слични кампови во Грција што даваат можност за засолнување на терористите“, додаде тој.

Турскиот претседател на прес-конференцијата говореше и за ситуацијата во Газа.

„Тоа што случувањата се претворија во колективно казнување на населението во Газа и масакрирањето на 17.000 невини палестински цивили, ја погодува нашата совест“, додаде Ердоган.

AA
Популарни