Македонското министерство за правда ќе направи напори екстрадирањето на Палевски да се случи во најскорен можен рок / Photo: AA

Заменик-министерката за правда на Северна Македонија, Викторија Аврамовска-Мадиќ, изјави дека Северна Македонија очекува одговор од Туркије за екстрадицијата на Љупчо Палевски - Палчо, главен осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Заменик-министерката учествуваше на пленарната конференција на тема „Национална конвенција за Европската Унија: Темелни општествени вредности за европската иднина“, во организација на Европското движење во Северна Македонија.

Во изјавата за медиумите таа истакна дека Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција на Палевски, дека министерот го потпиша барањето за екстрадиција и дека се подготвија и се доставија документите до надлежните органи, Интерпол и министерствата за правда и надворешни работи на Туркије.

„Соработката ни е одлична со Република Турција (Туркије) и со Министерството за правда. Во релативно најскоро можно време очекуваме да добиеме повратен одговор кога би била во најбрзо време екстрадицијата затоа што напоменав дека Министерството за правда ќе направи напори тоа да не биде на крајниот рок од 40 дена, туку што може во најскорен​​​​​​​ можен рок", рече Аврамовска-Мадиќ.

Таа, исто така, додаде дека надлежните органи се во постојана комуникација со Интерпол и Министерството за правда на Туркије во врска со можните барања за дополнителна документација.

Потсетуваме дека малолетната Вања беше пронајдена мртва на 3 декември во близина на Скопје, а на 27 ноември беше прогласена за исчезната по пријавата на нејзината мајка.

Во врска со случајот осомничени се пет лица, вклучително и Љупчо Палевски како главен осомничен. Тој на 5 декември беше фатен од турските власти во градот Баликесир откако за него беше распишана меѓународна потерница и определен му е 40-дневен екстрадициски притвор.

AA
Популарни