Политичките партии на денешната лидерска средба го договорија датумот на парламентарните и на претседателските избори.
Премиерот Димитар Ковачевски, по средбата, обајви дека првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот круг заедно со парламентарните избори на 8 мај.
Двата термини се паѓаат во среда, што е првпат во македоснската изборна историја пратениците да не се избираат во недела.
„Овие датуми ги договоривме имајќи ги предвид законските рокови и верските празници кои се во овој период. Конечно, после 17 години ќе имаме редовни парламентарни избори, а тоа говори за добрите владини политики”, рече Ковачевски.
Сто дена пред изборите, односно на 28 јануари ќе биде формирана техничка влада, при што, според коалицискиот договор, премиерот ќе биде од редовите на ДУИ.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, прашањето за техничка влада е отворено, но дека не постои консензус посебно од владините коалициски партнери да биде избришана техничката Влада.
Во однос на ова прашање, како ќе настапува ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека ќе имаат седница на највисоките органи на партијата и дека ќе донесат одлука дали ќе партиципираат во неа или не, бидејќи од претходно се изјаснија дека се за укинување на техничката влада.
Лидерите на Европскиот Сојуз за Промени, составен од албанските опозициски партии ја напуштија средбата откако се отвори прашањето за пополнување на Државната изборна комисија, а тогаш спикерот на Собранието, Талат Џафери, си заминал.
Мицкоски потврди дека местото во Државната изборна комисија ѝ припаѓа според закон на албанската опозиција.
-Загрижен сум бидејќи до денеска не е комплетиран составот на ДИК. Апелирам до парламентарноито мнозинство и до претседателот на Парламентот оваа точка да ја ставо на дневен ред, но зажал до денеска таа не е ставен на дневен ред. Да не оставиме простор за недостатоци во изборниот процес, рече Мицкоски.