Пендаровски е петтиот македонски претседател / Photo: Кабинет на Претседателот на РСМ

Претседателот Стево Пендаровски не размислува да се кандидира за нов мандат.

Toj на денешниот настан Oтворен форум за антикорупција, на кој се дискутираше за мерките и политиките кои се преземаат и треба да се преземаат во борбата против корупцијата, одговорајќи на новинарско прашање „дали размислува за втор мандат“, без да наведе зошто, само кратко одговори „не“.

Првиот круг на претседателските избори се закажани за 24 април следната година.

Пендаровски е петти претседател на Македонија од 12 мај 2019 година, кој моментално е на функција.

Поголемиот дел од професионалната кариера го поминал во Министерството за внатрешни работи како безбедносен аналитичар, воедно бил советник за национална безбедност и за надворешна политика на двајца македонски претседатели, Борис Трајковси и Бранко Црвенковски.

Пендаровски првпат бил кандидат за претседател на државата во 2014 година, кога бил кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, но не успеал да го победи тогашниот претседател Ѓорге Иванов.

Во 2019 година вторпат бил кандидат на претседателски избори, како консензуален кандидат на СДСМ, ДУИ и десетици други политички партии и го победи кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова.

TRT Balkan / агенции
Популарни