Во Скопје се одржа протестен марш по повод 1 Мај / Photo: AA

Во организација на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), стотици работници излегоа на протест низ улиците на главниот град на Северна Македонија по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот.

Протестниот марш со мотото „Ние работниците“ почна пред Работничкиот дом, продолжи пред Собранието, Стопанската комора и заврши пред Владата на Северна Македонија.

Организаторите истакнаа дека меѓу другото бараат пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор и исплата на трошоците за храна и превоз.

Тие исто така ја критикуваа минатогодишната одлука според која избраните и именуваните функционери ги покачија платите за 78 проценти.

Демонстрантите маршираа држејќи транспаренти на кои пишуваше „Функционер си денес, утре не си“ „Бараме плата колку вашата“ „Нели ви е срам“.

Протестниот марш заврши мирно и без инциденти.

TRT Balkan / агенции
Популарни