Во Скопје започна 15. издание на фестивалот на документарен филм „МакеДокс“ / Photo: AA

Во Куршумли-ан во Старата скопска чаршија, под мотото „Копање емоции низ времето“, синоќа се отвори 15. издание на фестивалот на документарен филм „МакеДокс“.

Фестивалските активности ќе се одвиваат до 22 август во главниот град Скопје, односно во просторите на Куршумли-ан, Музејот на Македонија, Сули-ан и Младинскиот културен центар.

Во програмата на отворањето синоќа беа прикажани два документарни филма, краткометражниот филм „Како се мери годината?“ на Џеј Розенблат (САД, 2022) и долгометражниот филм „Целулоидно подземје“ (Велика Британија/Иран, 2023) на Иранецот Ехсан Кошбахт.

По проекцијата на филмовите, во рамките на музичкиот сегмент „Ноќни приказни“, во Куршумли-ан настапи македонската музичарка Зарина Првасевда, а вечерта ја затвори диџејот Ишјан Твин.

AA
Популарни