Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е регистиран денеска во 10:48 часот во Скопје и околината./ Photo: AA

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е регистиран денеска во 10:48 часот во Скопје и околината.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на 21 километар северозападно од Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје и околината.

TRT Balkan / агенции
Популарни