Успешно лансирање на Х3 ракетата / Фото: Reuters

Јапонија денес успешно лансираше сателит за набљудување на Земјата со ракетата Х3 (H3).

Сателитот е позициониран во орбитата откако беше лансиран од Вселенскиот центар Танегашима во југозападната префектура Кагошима.

По полетувањето од центарот за лансирање, ракетата Х3 бр. 3 од домашно јапонско производство за околу 17 минути се одвои од сателитот.

Лансирањето првично беше планирано за вчера, но беше одложено поради „очекуваните лоши временски услови“, објави токискиот Кјодо њуз.

Јапонската вселенска агенција планира да изведе лансирања на ракетите Х3 шестпати годишно.

AA
Популарни