Тврдењето на Маск дека Грок има подобри резултати од ЧетГПТ, кое сè уште не е независно потврдено, дополнително го интензивира неговото ривалство со ОпенAИ и неговиот шеф Сем Алтман / Photo: Reuters

Компанијата за вештачка интелигенција Икс АИ (xAI) на Илон Маск го претстави најновиот модел на вештачка интелигенција,Грок 3 (Grok 3), за кој компанијата вели дека ги надминува конкурентите како Опен АИ и кинескиот ДипСик (DeepSeek) во математика, наука и кодирање.

За време на презентација во живо со тројца инженери од „ИксАИ“, Маск рече дека Грок 3 има повеќе од 10 пати поголема компјутерска моќ од неговиот претходник и ја завршил претходната обука на почетокот на јануари.

„Грок 3, чие име е земено од научно-фантастичниот роман на Роберт Хајнлајн - е најпаметната вештачка интелигенција на Земјата“, рече Маск, кој е на позицијата висок советник на американскиот претседател Доналд Трамп.

Грок 3 е достапен за премиум X претплатниците и до него исто така може да се пристапи и преку посебна претплата за неговите веб-верзии и апликации, истакна тимот на „ИксАИ“.

Тврдењето на Маск дека Грок има подобри резултати од ЧетГПТ, кое сè уште не е независно потврдено, дополнително го интензивира неговото ривалство со ОпенAИ и неговиот шеф Сем Алтман.

Маск претходно поднел две тужби против ОпенАИ, чиј ко-основач е, тврдејќи дека компанијата ги напуштила основните принципи на непрофитното работење, а минатата недела тој понуди да ја купи компанијата за 97,4 милијарди долари, што одборот на директори на OпенAИ и Алтман го одбија.

Алтман ја отфрли понудата како тактика за забавување на ривалите во областа на вештачката интелигенција, во која и понатаму доминираат големите компании со седиште во САД, иако ненадејната појава минатиот месец на ДипСик како поевтина кинеска алтернатива ја потресе таа перцепција.

Иако Маск се пофали со супериорноста не неговиот производ, сепак, загриженоста за неговите реални перформанси, внатрешните конфликти и веродостојноста на податоците покренуваат прашања за тоа дали навистина може да го преземе водството.

„Не треба да бидеме изненадени што технолошките компании усвојуваат практики кои се дизајнирани да извлечат поголем профит“, вели д-р Наташа Тусиков, асистент професор по криминологија на Универзитетот Јорк, коментирајќи го профитниот модел на ОпенАи за TРТ Ворлд.

Маск, исто така, го опиша Грок 3 како „страшно паметен“ со „многу моќни способности за расудување“ и го нагласи неговото потпирање на синтетички податоци за да се постигне логична конзистентност.

И покрај храбрите тврдења на Маск, вистинските перформанси на Грок 3 остануваат неизвесни.

Бенџамин Де Кракер, ИксAИ инженер кој работеше во тимот за развој на човечки податоци на Грок, го рангираше Грок 3 под моделите на OпенАи за способност за кодирање во X пост.

Тој тврдеше дека o1-прo, o1 и o3-мини на OпенАИ се изедначени за првото место, со Грок 3 на четвртата позиција.

По неговата објава, ИксAИ наводно му поставил ултиматум на Де Кракер да ја избрише објавата или ќе се соочи со отказ. Наместо тоа, тој избрал да поднесе оставка, изразувајќи разочарување од обидот на компанијата да го потисне неговото мислење.

Маск подоцна ја нарече ситуацијата „чудна“, но не посочи дали ќе интервенира.

Дали Грок 3 ќе се разликува од неговите ривали?

Д-р Алан Д. Томпсон, експерт за вештачка интелигенција специјализиран за зголемување на човечката интелигенција, ја нагласува уникатната предност на Грок - неговата способност да влече податоци во реално време од платформи како X.

Според него, оваа функција го издвојува од конкурентите, нудејќи свеж увид и потенцијално го подобрува корисничкото искуство со постојано ажурирани информации.

Томпсон, исто така, објаснува дека Грок3 користи неколку специјализирани збирки на податоци за да ги подобри своите способности.

Тие вклучуваат Масив Текст на ДипМајнд (MassiveText на DeepMind) за разбирање и генерирање содржини на повеќе јазици, ЕлеутерАИ Д Пајл (EleutherAI The Pile) за разновидна палета на теми и Хагинг Фејс Фајн Веб(Hugging Face’s FineWeb), кој му помага на Грок 3 да учи од добро напишани и висококвалитетни информации.

Сепак, пристапот до податоци во реално време, исто така, претставува предизвик, особено во однос на дезинформациите.

Со помалку рестриктивните политики за содржина на Грок, ризикот од ширење непроверени информации останува клучна етичка грижа.

„Грок 3 е еден од главните гранични модели заедно со ГПТ(GPT), Клауд (Claude), Џемини (Gemini) и Лама (Llama), вели Томпсон.

Иако тврдењата на Маск за супериорноста на Грок 3 звучат амбициозно, тие се засноваат на внатрешно тестирање наместо на независни проценки.

Додека завесата полека се крева на целосниот потенцијал на Грок3, светот со нетрпение чека да види дали тој навистина може да ја исполни возбудата.

Неговите способности ќе станат јасни само кога повеќе луѓе ќе можат да го користат.

TRT World
Популарни