Наука и технологија
Гугл го лансираше најновиот модел на вештачка интелигенција Џемини 2.0
Џемини 2.0 нè доближува до напредната визија за универзален асистент, рече директорот на Гугл, Пикај, нагласувајќи ја подобрената способност на овој модел да го разбере контекстот и да преземе одредени дејства во име на корисникот
Бизнис
Амазон ќе инвестира уште 4 милијарди долари во компанијата за ВИ „Антропик“
Амазон Веб Сервиси, кој е примарен обезбедувач на клауд на Антропик, отсега ќе биде и негов примарен партнер за обука, при што во иднина, за обука и имплементација на основните модели ќе се користат чиповите АВС Треиниум и Инферентиа
Наука и технологија
Новиот производ на Опен АИ ќе извршува задачи на компјутер без корисник
Оператор, базиран на ВИ, припаѓа на т.н. интелигентни агенти, кои можат да извршуваат задачи во име на корисникот, често со ниво на автономија и интелигенција што го имитира човечкото однесување и ќе може да напише код или да резервира патување
Наука и технологија
Јужна Кореја отвора национална лабораторија за истражување на ВИ
Владата сака да се позиционира како врвен играч во развојот на вештачката интелигенција, што е дел од заедничката инвестиција со приватниот сектор од 2,6 милијарди долари во 26 производствени проекти зајакнати со ВИ, објави Министерството за наука
Наука и технологија
Препораките на ВИ може да ги доведат пациентите во заблуда
Има пациенти кои резултатите од анализата на крвта ја запишуваат во апликациите за ВИ и доаѓаат на преглед со веќе создадена идеја за нивната состојба, наместо да го прашуваат лекарот, изјави специјалистот по кардиологија доц. д-р Мухамед Кескин
Здравје
Вештачката интелигенција го учи „јазикот на туморите“ за подобра дијагноза
Tим од експерти за вештачка интелигенција и тумори, предводен од експерти од универзитетите во Глазгов и Њујорк, разви нов систем кој може да открие знаци на болест во биолошките примероци со висока точност и да го предвиди исходот од третманот
Свет
Лутас: Стратегијата на НАТО за ВИ се фокусира на одговорна употреба
Лутас истакна дека НАТО се согласил за својата прва стратегија за ВИ во 2021 година и идентификувал шест водечки принципи - законитост, одговорност и отчетност, објаснување и следливост, доверливост, управливост и ублажување на пристрасноста
Наука и технологија
Алгоритми за вештачка интелигенција создаваат уникатни парфеми
Во оваа верзија на машината можете да имате повеќе од 500 милијарди можности, се разбира, не ви треба толку многу, но секоја формула е уникатна, вели Анахита Меканик, еден од основачите и шеф на дизајнот на мириси во Скентроникс
Наука и технологија
ВИ апликација ѝ го „врати“ гласот на Американка, изгубен поради болест
Сега кога ја имам оваа технологија, можам повторно да бидам независна, да одам во банка и да разговарам за моите финансии, можам да одам на работа и да разговарам ... и да им кажам на моите деца што треба да научат, вели Лекси Боган
Популарни
Популарни написи