Калифорниската компанија за развој на вештачка интелигенција Опен АИ ја лансираше можноста за сложено, длабоко истражување или пребарување на интернет во повеќе чекори, во рамките на својата сложена алатка ЧетГПТ.
Новиот агент за вештачка интелигенција за неколку десетици минути може да извршува задачи кои на луѓето им одземаат многу часови, се вели во соопштението на компанијата.
Според компанијата, функцијата е дизајнирана за луѓе кои работат интензивна работа во областа на финансиите, науката, политиката и инженерството и имаат потреба од темелно, прецизно и доверливо истражување.
Дополнително, може да биде корисно за секој што купува што бара внимателно истражување, како што се купување автомобили, апарати и мебел.
Споменатата функција сега е достапна за корисниците со претплата на ЧетГПТ Про и тие во моментов ќе можат да испраќаат најмногу 100 прашања месечно.
Дип Рисрч (Deep Research) е достапена денеска на ЧетГПТ вебот и ќе биде претставена на мобилни и десктоп апликации во рок од еден месец.
Наскоро ќе можат да го користат и оние на програмите Плус и Тим, додаваат од компанијата.
„Способноста да се синтетизира знаењето е предуслов за создавање на ново знаење. Затоа, длабокото истражување означува значаен чекор кон нашата поширока цел за развој на вештачка општа интелигенција (АГИ) и може да помогне во научните истражувања, беше објавено на веб-страницата Опен АИ.