Калифорниската компанија Опен АИ планира да го објави својот нов пребарувач заснован на вештачка интелигенција во понеделник, 13 мај, и со тоа да го предизвика Гугл, кој е доминантен пребарувач, како и ВИ пребарувачот на стартапот Перплексити.
Оваа вест следи по претходните написи на Блумберг, кои исто така изјавија дека Опен АИ развива производ базиран на вештачка интелигенција кој може да пребарува на Интернет.
Доколку најавите се вистинити, Опен АИ ќе лансира нов производ на пазарот само неколку дена пред Гугле да ја започне својата годишна конференција за програмери.
На конференцијата на 15 мај, Гугл се очекува да го нагласи напредокот во развојот на своите модели за вештачка интелигенција како Џемини и Џема.
Производот за пребарување на Опен АИ е продолжение на неговиот водечки производ ЧатГПТ на кого му овозможува да привлекува директни информации од Интернет и да вклучува цитати.
ЧатГПТ е чатбот производ на Опен АИ кој ги користи врвните модели на вештачка интелигенција на компанијата за да генерира одговори слични на човечките на текстуалните барања.
Набљудувачите на индустријата долго време го нарекуваат ЧатГПТ алтернатива за собирање онлајн информации, иако се бореше со обезбедување точни и во реално време информации од Интернет.
Опен Аи претходно му даде интеграција со Бинг на Мајкрософт за платени претплатници.