Истражувачката компанија за вештачка интелигенција со седиште во САД, ОпенАИ, во понеделникот објави дека ќе воведе нови способности за глас и слика во ЧатГПТ. „ЧатГПТ сега може да гледа, слуша и зборува“, објави компанијата во блог пост, додавајќи дека новите можности нудат нов и поинтуитивен тип на интерфејс, дозволувајќи им на корисниците да имаат гласовен разговор со ЧатГПТ или да му покажат за што зборуваат. Корисниците можат да направат слика од знаменитост додека патуваат, а потоа да разговараат во живо за тоа што е интересно во него, велат од компанијата. Покрај тоа, тие можат да користат глас за да се вклучат во разговор „напред-назад“ со нивните асистенти. Новите можности ќе бидат достапни за корисниците на ЧатГПТ Плус и Ентерпрајс во текот на следните две недели.
26 сеп 2023
ОпенАИ воведува нови способности за глас и слика во ЧатГПТ
ОпенАИ објави дека ќе воведе нови способности за глас и слика во ЧатГПТ, кои нудат нов и поинтуитивен тип на интерфејс, дозволувајќи им на корисниците да имаат гласовен разговор со ЧатГПТ или да му покажат за што зборуваат
AA
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Новиот производ на Опен АИ ќе извршува задачи на компјутер без корисник
Оператор, базиран на ВИ, припаѓа на т.н. интелигентни агенти, кои можат да извршуваат задачи во име на корисникот, често со ниво на автономија и интелигенција што го имитира човечкото однесување и ќе може да напише код или да резервира патување
Британскиот парламент наскоро ќе се загрева од топлината на метрото
Наречена Лебед, една од првите и најголемите топлински мрежи во Велика Британија ќе генерира топлина на лондонското метро, каде температурата надминува 30 степени, и ќе се користи за снабдување со енергија со ниска содржина на јаглерод
Што друго би сакале да знаете?
Популарни