Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг на социјалната мрежа Тредс изјави дека е „тажно“ што неговата компанија не може да го претстави својот напредок во развојот на вештачката интелигенција (ВИ) во Европската унија.
Мета е загрижен за регулаторната несигурност во Европската унија, особено Законот за дигитални пазари (ДМА) и смета дека строгите европски правила за заштита на податоците го забавуваат воведувањето на напредни модели на вештачка интелигенција.
„Ги повикуваме европските регулатори брзо да ги имплементираат овие принципи на прагматичен и транспарентен начин за да може ЕУ да го постигне растот кој го бараат водечките европски политички фигури“, објави лобистот на компанијата Мета, Ник Клег, во кореспонденција со Закерберг преку платформата Тредс.
Американската компанија Епл претходно исто така го прекина претставувањето на своите најнови модели со вештачка интелигенција во Европската унија, наведувајќи ја како причина сложената и нејасна регулаторна средина.